
Февруари е месец кога многу луѓе почнуваат да ги планираат своите летни одмори, а Будва останува прифатлива дестинација за туристите од Балканот. Според информациите од Будванската туристичка организација, цените на сместувањето во претсезоната и сезоната 2025 година ќе останат стабилни и достапни.
Приватно сместување може да се најде за дури 13 евра по лице, додека цените во хотелите со три ѕвезди почнуваат од 60 евра за двокреветна соба со појадок. Сместувањето во полуксузните хотели започнува од 132 евра за ноќевање.
Будва нуди разновидна палета на сместување, од луксузни хотели до приватно сместување со пристапни цени, што ја прави оваа дестинација популарна меѓу туристите од Македонија. Цените за лежалки и други додатоци за на плажа се движат од 15 до 50 евра во зависност од категоријата.
За сезоната 2025 се планирани подобрувања на транспортната инфраструктура, вклучувајќи реконструкција на патишта, изградба на гаражи и подобрување на велосипедските патеки и јавниот превоз.
Будва е домаќин на бројни настани во текот на годината, вклучувајќи го и меѓународниот будвански карневал, фестивалот „Град на театарот“ и гастрономски и вински фестивали.