Во Нова Градишка, Хрватска се отвори првиот ресторан за брза храна кој ќе ја подарува храната на сите оние кои не можат да си ја дозволат. Сопственик на ресторанот е двесет и едногодишната Дора Вукшиќ. Дора вели дека се одлучила за овој чекор откако и таа самата осетила како е да немаш пари дури ни за јадење.
Во овој ресторан добредојдени се сите оние кои се гладни.
Доколку сте гладни, а не сте во можност да платите, кај нас секогаш можете да добиете топол оброк. Ќе платите кога ќе бидете во можност или никогаш! Никој не заслужува да биде гладен, напишала Дора на својата фејсбук страница.
Моментално во ресторанот има четворица вработени, вклучувајќи ја и Дора, и сите земаат иста плата.