Дали знаете дека на регрутерите им се потребни само 6 секунди за брзо прегледување на кратките биографии кои подоцна се сортираат во три групи: да, не и можеби?
Идеалното CV не треба да биде ниту прекратко, ниту предолго. Тоа треба да биде прегледно и да ги содржи најважните работи за вас кои треба да ви помогнат да се истакнете пред останатите кандидати.
Прочитајте што треба и што не треба да содржи вашето CV:
1. Краток опис на компанија
Ако сте работеле во компанија за која никој не слушнал. Ако имате работено за некоја помалку позната компанија, би било сосема во ред да наведете краток опис од 1-2 реченици за тоа во која дејност работи компанијата и со што се занимава. Овој опис треба да се наоѓа помеѓу називот на компанијата и подточките каде ги опишувате вашите задачи таму. Но, запомнете дека овој опис е потребен само за компаниите за кои верувате дека регрутерите немаат слушнато, а не за сите.
2. Компјутерски вештини
Ако компјутерските вештини се специфични и есенцијални за вашата работа. Ако аплицирате на работни позиции како што е програмер или ИТ техничар и вашето познавање на одредени компјутерски системи е неопходно за да ја добиете работата, вклучете листа на компјутерски способности во вашето CV. Во спротивно, не е потребно да го трошите просторот велејќи дека сте умешни во Microsoft Office.
3. Адреса на живеење
Зависи. Ова е контроверзна тема бидејќи голем дел од регрутерите велат дека не е задолжително да се внесе адресата на живеење поради почитувањето на приватноста. Но, според други, адресата е потребно да се наведе поради тоа што некои регрутери може да помислат дека не се наоѓате во истиот град каде што е работното место. Во случај да сте тековно работени на некое работно место кое е во истиот град со компанијата каде што аплицирате, вашето CV само по себе покажува дека сте спремни да работите на таа локација.
4. Пракси
Ако имате ограничено професионално искуство. Вклучувањето на праксата во вашето CV може да ви биде од помош само ако сте во потрага по вашата прва или евентуално втора работа. Инаку, единствените практиканства кои треба да ги чувате во својата биографија се оние кои се во компании кои се препознатлив бренд... или тие коишто навистина ќе додадат вредност на позицијата на која аплицирате. Во спротивно, тој простор е подобро да се искористи за да споделете уште некоја детал од вашата професионална биографија.
5. Секој детал од вашите досегашни искуства
Вклучете ги само важните детали. Не зборувајте за работи кои нема да ви бидат од корист. Важно е да покажете како го користите вашето време на работа, но не мора да го наведете секој детал. Наместо тоа, фокусирајте се на конкретни работи кои сметате дека се соодветни за позицијата за која аплицирате.
Запомнете дека CV-то кое го пишувате повеќе треба да говори за тоа каде сакате да бидете, а не каде сте биле досега.