Рецептот за ова домашно средство беше објавен од страна на жена на Facebook профилот “Moms Who Clean”. Лесно се прави од четири состојки, а таа тврди дека е фантастично.
Станува збор за мешавина на течност за миење садови, бел оцет, сода бикарбона и топла вода. Сето ова се става во шише со распрскувач, се прска врз дамките на каучот или фотелјите, нежно се протрива со крпа и се суши.
Точните состојки за мешавината:
Лажичка течност за миење на садови, лажица бел оцет, лажичка сода бикарбона, 2,5 дл топла вода.