
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за корекција на цените на нафтените деривати.
Според новата одлука, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,451 ден/кг и отсега ќе изнесува 43,501 ден/кг.
Од друга страна, цените на останатите горива остануваат непроменети во однос на одлуката донесена на 3 март 2025 година. Со тоа, малопродажните цени на горивата изнесуваат:
? ЕУРОСУПЕР БС-95 – 77,50 ден/лит
? ЕУРОСУПЕР БС-98 – 79,50 ден/лит
? ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – 72,00 ден/лит
? Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 71,50 ден/лит
Оваа одлука стапува на сила веднаш и важи до следното редовно усогласување на цените.
Извор: biznispro.com