Ања Вагнер од Канада, која откако се здоби со повреда на грбот, поради потешкотиите во движењето, веќе не е во можност да ја одржува својата луксузна куќа и имотот, па реши да ги продаде по цена од 1,7 милиони долари.
За имотот и куќата немало заинтересирани што ќе искешираат толку пари, па таа ја намалила цената. И тогаш немало кој да ја купи, па се сетила што да направи. Одлучила да организира наградна игра и да му ја подари куќата на оној кој ќе испрати највпечатливо писмо.
Оној кој сака да учествува во натпреварот треба да плати 25 долари, а таа се надева дека ќе има доволен број учесници во наградната игра, за да заработи онолку пари по колку сакала да ја продаде куќата.
Победникот во наградната игра Write A Letter, Win A House ќе биде избран само ако биде постигната сумата од 1,7 милиони долари.
Писмото треба да има најмногу 350 знаци, а може да се испрати на меил или по пошта. Натпреварот трае до 5 април, а 500 писма ќе влезат во финалето. Учесниците мора да бидат постари од 18 години, а од едно домаќинство може да се натпреварува само едно лице. Не смеат да се пријават членовите на нејзиното семејство и пријателите.