Последната прес конференција на МВР ги соопшти овие детали:
Осомничени се околу 20 лица околу 15 се во полициска станица дел од осомничените се починати дел се во болница 4 лица се обезбедени два члена на бендот и син на сопственик и управител на правното лице кое ја менаџирало дискотеката.
Приведено е лице организатор на настанот кој има директна вина.
Приведени се и поранешен државен секретар на Министерство за економија приведен поранешен директор на дирекција за заштита и спасување.
Направен е разговор со 25 очевидци на настаните.
Легална лиценца за работа нема.
20 малолетни лица се повредени а од сите хоспитализирани 22 лица се во критична состојба, дел од нив ќе бидат пренесени во Турција, Бугарија и Грција
Идентификувани се најголем дел од жртвите.
500 лица имало во дискотеката.