
ИСТАНБУЛ И ОХРИД СЕ ПОВРЗАА СО ДИРЕКТНА АВИОЛИНИЈА
Македонија, со својата стратешка локација на Балканот, има потенцијал да стане важен центар за авиосообраќајот во регионот. Плановите за модернизација на аеродромите и зголемување на нивниот капацитет создаваат можности за повеќе летови. Истовремено, воведувањето на нови авиолинии во партнерство со авиокомпании и поттикнувањето на нискобуџетните превозници ќе овозможат подостапни летови за патниците. Овие чекори ќе придонесат за поинтензивно поврзување со европските и светските дестинации, што ќе ја зајакне улогата на земјата во воздушниот транспорт.
Минатата година околу 20.000 туристи од Турција ја посетиле Македонија, а овој број постојано расте. Благодарение на силните културни и историски врски меѓу двете земји, се зголемува интересот за дестинации како Скопје, Охрид и Битола. Туристите уживаат во гастрономијата, природните убавини и богатото наследство. Локалните туристички оператори очекуваат уште поголем пораст на посетите, што ќе придонесе за развојот на македонскиот туризам.
Амбасадорот на Турција во нашата земја, Фатих Улусој истакна дека новата авиолинија ќе ги зајане врските во транспортот, економијата и туризмот меѓу двете држави. Тој потсети дека 280 илјади туристи од Турција лани ја посетиле Македонија.
Главниот извршен директор на „ТАВ Аеродроми“, Серкан Каптан, потсети на природните и историските знаменитости на Охрид и истакна дека годинава кога ТАВ прославува 15 години од преземањето на аеродромите во Македонија имаат инвестирано над 300 милиони евра и бројот на патници достигна над 3 милиони. Тој истакна дека тоа немало да биде постигнато без поддршка од македонската влада.
Турската авикомпанија за оваа линија ќе користи авиони „Ербас А321“, „Боинг 737-800“ и „Боинг 737-900“ од својата флота од 480 авиони. Главниот извршен директор на „Туркиш ерлајнс“, Билал Екси дека опслужуваат 18 линии од Македонија и подвлече дека не превезуваат само патници, туку придонесуваат во зближување на различните култури.
– Нашите народи имаат силни и блиски врски, јас можам да кажам дека на некој начин сум македонски зет. Сакаме со новата линија да ги пренесеме патниците од Охрид до Истанбул и натаму до други дестинации во светот, но намера ни е градот на Босфор да стане попатна дестинација за нив во кој ќе поминат пријатни моменти – рече Екси.