Биографијата треба да ве истакне вас како кандидат и да ги стави во преден план вашите вештини и работното искуство. Постојат одредени работи кои едноставно никогаш не треба да се најдат во страниците на вашето CV.
Според одредени истражувања постојат неколку изрази кои не треба да стојат во вашата биографија. Станува збор за:
"Без проблем функционирам под притисок"
"Вреден работник"
"Способен за индивидуална и тимска работа"
"Перфекционист"
"Високо изразени комуникациски способности"
Овие изрази се толку често употребувани што се губи нивното значење. Ваквите клишеа ги одбиваат работодавачите, бидејќи истите се содржани во најголем дел од биографиите. Наместо да создадете CV кое наликува на секое друго, пробајте да ги наведете вашите уникатни квалитети и веднаш да му "паднете во око" на потенцијалниот работодавач.