Хрватската компанија Сараѓен се занимава со извршување на различни градежни работи, а минатата година направи уште три големи договори за надградба, доработка и реконструкција на канализациска мрежа и снабдување со вода во областа на Шибеник, во вредност од 288 милиони куни, а работници им фалат – се повеќе и повеќе.
“Сега кога има работа, нема луѓе, а кога немаше работа, имаше премногу луѓе. Познато е дека во Хрватска недостасуваат работници од сите профили, а за нас градежниците, тоа се тесари, ѕидари, армирачи и други градежни работници. Во нашата земја тие работници ги нема одамна па затоа моравме секоја година да ги увезуваме од Босна и Херцеговина, меѓутоа и таму веќе ги нема“, велат од компанијата
Според нив и БиХ е испразнета. Работниците заминале на работа во Австрија и Германија и компаниите се вртат кон Албанија, Македонија и Украина со цел да го најдат неопходниот кадар.
На пример, компанијата Сараѓен, за ги привлече работниците од овие земји нуди стан и надоместок за храна, а нето платата се движи од 1200 до 1350 евра за тесари и од 1050 до 1350 за армирачи и други работници, во зависност од квалификациите.
Во моментов, компанијата има 150 вработени, вклучувајќи и 20 работници од Босна и Херцеговина, а одтаму велат дека тој број треба да се зголеми бидејќи работа секогаш има.
Владата на Хрватска, за разлика од претходните години, оваа година на време ја утврди зголемената квота за вработување на странски работници така што на хрватските компании им се олеснуваат условите за вработување.