Ала Нофал се преселил од својот дом во Јордан во Бахреин на возраст од 25 години за да работи како продавач на софтвер, а три годици подоцна бил промовиран на позицијата директор за продажба.
Бахреин се наоѓа на помалку позната област на Персискиот залив и е 200 пати помала земја од Флорида. Брои само еден и пол милион жители.
“Постојат одлични можности за луѓе кои се вредни и подготвени да работат во Бахреин“, вели Нофал кој би можел да ја работи истата работа од Јордан, но смета дека Бахреин е многу подобро место за живеење и работа и дека луѓето се многу попрофесионални и послободоумни“, пренесува BBC.
Во последните неколку години, економијата на оваа земја страдаше поради ниската цена на нафтата, а имаше и длабоки политички тензии помеѓу владеачките семејства Сунити и Шиити, кои го сочинуваат поголемиот дел од населението во Бахреин. Сето тоа резултираше со насилни антивладини протести во 2011 година.
Сепак, неодамнешните истражувања покажуваат дека овој архипелаг од триесет острови е второ најдобро место за странските работници, и се наоѓа на само едно место позади Германија.
Популарните места како Обединетите Арапски Емирати, Сингапур и Хонг Конг останаа зад Бахреин на оваа табела.
Културната разновидност е одлична, а работодавачите не се грижат за тоа кој е од каде и ги наградуваат своите вработени врз основа на нивниот перформанс. Освен одличната деловна клима, странските работници во Бахреин, исто така, ги привлекува и тоа што нема данок на доход, а од друга страна имаат платено сместување, образование и транспорт.
Она што малкумина го знаат е тоа дека гастербајтерите во Бахреин заработуваат двојно повеќе од домашното население. Платите зависат од секторот и позицијата, но просечниот работник таму заработува 7876 долари месечнo, што всушност изнесува околу 7000 евра.
BBC