Земјите се рангираат според "Visa-Free Score" на финансиската компанија Артон. Станува збор за листа која ја мери мобилноста на пасошите, односно се мери бројот на земји кои може да се посетат со конкретниот пасош без притоа да биде потребна виза.
На првото место се наоѓаат Обединетите Арапски Емирати со 167 земји. Второто место и припадна на Германија со 166 земји. Третото место со 165 земји го делат повеќе држави: САД, Јужна Кореја, Норвешка, Шпанија, Франција, Холандија, Сингапур, Италија, Финска, Шведска, Луксембург и Данска.
Позади нив со 164 земји се: Канада, Ирска, Обединетото Кралство, Јапонија, Швајцарија, Португалија, Грција, Австрија и Белгија.
Со 163 земји се Унгарија и Чешка, додека на последното место се Кипар, Романија и Бугарија со 158 држави.