Годишните бонуси за успешните деловни резултати во 2018 година ќе бидат исплатени со априлската плата.
Компанијата Daimler, која е сопственик на Mercedes, соопштила дека околу 130 илјади работници на овој автомобилски произведувач во Германија ќе добие годишен бонус кој ќе достигне сума и до 4.965 евра.
Mercedes во 2018 година испорачал 2.310.185 возила ширум светот, со раст на продажбата од 0,9% во однос на 2017 година. Tоа е веќе осма година по ред како овој германски произведувач бележи зголемување на испорачката на своите автомобили. Сепак, овогодишните бонуси се нешто помали од оние кои Daimler ги исплати кон почетокот на минатата година, кога изнесуваа и до 5700 евра по вработен.
Причината за тоа треба да се побара во помалиот оперативен профит кој во 2018 година изнесувал 11,1 милијарди евра, додека една година подоцна бил дури 14,3 милијарди евра.
Најпродаваниот Mercedes и во 2018 година бил Ц класата со 397.000 единици, додека Е класа исто така имала одличен продажен резултат со 355.000 испорачани возила.
извор: zazabava.mk