Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави нови субвенции за сите жени кои се мажат пред 40. година, како и нови погодности за нововенчаните двојки и семејства.
Се помалку и помалку деца се раѓаат во Европа. Што се однесува до Западот, нивниот одговор е имиграција. За секое дете што недостасува, би требало да дојде ново и дури тогаш бројките би биле на место. Но нам не ни се потребни бројки. Нам ни се потребни унгарски деца, рече Орбан во обраќањето до нацијата.
Тој најави нова програма со седум точки кои ќе донесат ново погодности за нововенчаните двојки и семејства. Новите мерки ќе им овозможат на семејствата што имаат најмалку две деца да добијата субвенции за купување куќа, како и за купување автомбоил.
Жените кои имаат најмалку четири деца ќе имаат можност да не плаќаат личен данок на доход. Жените помлади од 40 години кои се мажат првпат, ќе имаат можност да добијат субвенции од 10 милиони форинти (36.000 долари), рече Орбан.
Третина од тој долг се отпишува кога жената ќе роди второ дете, а по третото, долгот целосно се отпишува.
Тоа е одговор за Унгарците. Не е имиграциајта, рече Орбан.