Многу фактори придонесуваат да бидете успешни во бизнисот. Добра стратегија, добар продукт или услуга и ефикасните внатрешни процеси се поеднакво важни. Но ништо од тоа не може да функционира без луѓето кои се всушност тие што ги извршуваат стратегиите, плановите и процесите за да успее бизнисот.
Многу често од претприемачите слушаме фрази како “Нашите вработени се нашето најважно средство“ меѓутоа кога ќе видите како се третираат вработените, сфаќате дека оваа мантра е само банална изрека во голем број компании.
Во продолжение 10 интересни факти кои ќе ве натераат да го смените начинот на кој ги третирате вашите вработени
10 интересни факти за вашите вработени
35% од вработените мислат дека нивните работодавци воопшто не се грижат за нив, ни како дел од тимот ни како индивидуалци.
91% од нив велат дека се мотивирани да се покажат во најдобро светло кога ја имаат поддршката од нивниот лидер.
75% велат дека доколку барем еднаш месечно добијат пофалба за сработеното ќе бидат задоволни.
Речиси една третина од вработените попрво би одбрале признание и пофални зборови преку мејл, адресиран до цела компанија, отколку еден просечен бонус.
51% од нив размислуваат да ја напуштат моменталната работа.
Дури 80% од вработените би работеле продолжено работно време доколку имаат претпоставен кој се грижи за нив.
59% од нив велат дека можат “да созреваат и растат професионално“ во компанијата каде што работат
Дури 90% од лидерите мислат дека вклученоста и оддавањето на признание на вработените влијаат на целокупниот успех на компанијата, но само 25% од нив тоа го прават.
70% од вработените сакаат да поминуваат повеќе време со своите претпоставени.
Поразителни 60% од работниците јадат сами на своето биро и тоа додека работат.