Сакате да имате пријатен мирис во внатрешноста на возилото и за тоа најчесто се користи некој ароматизиран освежувач за воздухот. Тие би требало да придонесат мирисот во внатрешнста да биде убав.
Но, во САД има мислење од медицински лица кои сакаат овие ароми да бидат забранети со закон. Станува збор за сите познати ароматизатори кои се во вид на елка, дезодоранските спреј конзерви со гелот, течност во шишенца за отворите за вентилација и др.
Според американските медицински експерти, овие мириси содржат многу штетни материи, од кои некои се токсични и можат многу да го нарушат здравјето на возачот и патниците во возилото. Тие вклучуваат ацетон, натриум нитрит, бензен, толуен, натриум бензоат, пропан, формалдехид и фталати.
Научниците велат дека 34 отсо од светската популација може да страда од еден од негативните ефекти на аромите. Најчести биле поплаките од воспалителни процеси на бронхиите, напади на бронхијална астма, воспаление на кожата и главоболка. Како алтернатива на овие вкусови, специјалистите препорачуваат производи базирани на етерични масла.
Останува на вас дали ќе користите вакви ароматизирани освежувачи, или пак можеби ќе се префрлите на „природни“, или пак можеби и самите ќе си направите некој освежувач.