Некои луѓе дознаваат што сакаат да работат многу рано. Најчесто се одлучуваат да ја градат кариерата како своите родители. Други ги откриваат своите амбиции во средно училиште или подоцна. Иако многу луѓе можат да изберат кариера, важно е да знаете дека можеме да ја менуваме професијата кога и да посакаме.
Иако многумина се чувствуваат заробени во својата кариера заради финансиски или други причини, вреди на кратко да застанете и да ја процените ситуацијата.
Одговорете на овие прашања:
Во што би уживале да работите дури и да не ве плаќаат?
Што би можеле да работите секој ден без да ви здосади?
Кога ќе ја замислите таа професија, дали ви доаѓа насмевка на лицето?
Овие чекори ќе ви помогнат да ја идентификувате вашата идеална кариера:
1. Наведете неколку професии кои ви се привлечни. Ако не можете да се сетите на ниту една, запишете го она што навистина сакате да го работите.
2. Пронајдете информации кои ја опишуваат таа кариера.
3. Ако имате повеќе на листата, откако ќе ги истражите поубаво елиминирајте ги оние кои веќе не ве интересираат.
4. Откако ќе имате скратен попис, разговарајте со луѓето кои се вработени во тие професии. Прашајте ги се што ве интересира за да добиете лична перспектива за кариерата.
5. Продолжете да проценувате и да го скратувате пописот се додека немате доволно податоци за да се одлучите за вистинската кариера.
Колку повеќе знаете за професијата која ве интересира, толку подобро ќе знаете дали навистина сакате да го работите тоа.