На почетокот на секоја година, австриското Министерство за труд донесува уредба за најдефицитарни занимања за кои ќе има најмногу слободни работни места во земјата.
Таа листа во 2019 година се прошири на дури 45 занимања.
Според листата, во Австрија има недостаток на металурзи, изолатори и електро техничари.
Исто така, работни места во оваа земја има за стругари, конструктори на земјоделска механизација и ИТ инженери. Работа има и за тесари, заварувачи, столари и керамичари.
За да се добие “црвено-бело-црвена картичка“ неопходно е да постои конкретна работна позиција, како и да бидат некои основни критериуми врз основа на уредбата.
Имено, постои табела со критериуми и поени, каде секој кандидат може да освои минимум 55, а максимум 90 бодови.
Освен овие професии кои се наоѓаат на сојузната листа, во некои провинции се потребни и други работници (првенствено во областа на туризмот), така што регионалната листа вклучува 22 други занимања.