Врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија, за мерката 2.1 Субвенционирање на плати, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, на ден 25.02.2019 година се објавува
ЈАВЕН ПОВИК/ИЗВЕСТУВАЊЕ
до
невработените лица
Се повикуваат невработени лица евидентирани во АВРСМ кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот :
§ долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)
§ млади лица до 29 години
§ лица постари од 50 години
§ лица корисници на правото за парична помош од социјална заштита или на паричен надоместок по основ на невработеност
§ лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование
§ лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
§ жртви на семејно насилство
§ лица со попреченост
§ жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етнички заедници
§ лица припадници на ромската етничка заедница
§ самохрани родители
§ родители на деца со пречки во развојот
§ родители на 3 и повеќе деца
§ родители на деца на улица
§ осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа
§ бездомни лица
§ поранешни корисници на дрога
§ лица со незавршено средно или пониско образование
да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на РСМ, каде редовно се евидентираат како невработени лица.
Секој работодавач што ќе вработи невработено лице од гореспоменатите целни групи ќе добие финансиска поддршка за исплата на бруто плата во износ од 19.000,00 денари, за период од 3, 6 или 12 месеци. Работодавачот може на работникот да му исплати и повисока бруто плата од субвенционираниот износ .
Работодавачот кој ќе вработи невработено лице со оваа мерка, има обврска лицето да го задржи во работен однос по завршување на субвенционирањето во дополнителен период од уште 6, 12 или 18 месеци .
Условите, правата и обврските поконкретно ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ, работодавачите и кандидатите.
Заинтересираните невработени лица можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.
Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на РСМ, контакт телефонот 02-3111-850 лок.223 и веб страната www.av.gov.mk
АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
СЕВЕРНА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА