Град Скопје објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците на домаќинствата за чистење на оџаците во износ од 1000 денари, каде можат да учествуваат само лица кои живеат на подрачјето на главниот град.
Повикот трае до 30 ноември и ќе биде реализиран по принципот “прв дојден – прв услужен“, се до потрошување на средствата кои се предвидени за оваа намена.
Целта е преку овој проект да се намали загаденоста на воздухот во градот.
Големиот дел од загадувањето го прават честичките, кои за затоплувањето на објектите не се приклучени на централно греење, пред се, заради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво во домаќинствата, не добриот квалитет на дрвото и начинот на негово чување ,а исто така и дотраените и технички неисправни печки и нередовно чистење на оџаците.