Правилната нутриција во теоријата звучи сосема едноставна, но не е секогаш лесно да се истрае во намерата со цел да се храниме здраво. Но, резултатите од неодамнешното истражување покажа дека за здравје не е важно само она што се јаде, туку и колку брзо храната “исчезнува” од вашата чинија.
Јапонските истражувачи следеле 1.083 возрасни во текот на пет години, а испитаниците беа поделени во три категории, врз основа на тоа колку брзо тие јадат, “бавно”, “нормално” и “брзо”. На почетокот на студијата сите учесници пополниле прашалник на тема навики за јадење, нивото на физичка активност и општата здравствена состојба.
На почетокот на студијата, ниту еден од волонтерите не страдал од метаболички синдром, што значи дека ниту еден од нив немал барем три од следниве фактори – дебелина околу стомакот, ниско ниво на HDL холестерол, високи триглицериди, висок крвен притисок или шеќер во крвта. Лоши вредности на најмалку три од горенаведените критериуми укажуваат на зголемен ризик од кардиоваскуларни болести и дијабетес, и со едно име, оваа состојба се нарекува метаболен синдром.
Пет години подоцна, кога повторно го пополниле истиот прашалник, се покажа дека кај 84 испитаници се развил метаболниот синдром, а судејќи според резултатите од една студија објавена во стручното списание “Circulation”, повеќето од нив беа од групата која изјави дека “брзо јаде”. Луѓето кои се хранат “на нога” имаат 89 отсто поголем ризик од развој на метаболичен синдром од оние кои јадат побавно.
Но, тоа не е сè што научниците заклучиле. Испитаниците од групата која јадат брзо во текот на пет години додале повеќе килограми, го зголемиле обемот на нивнатаа половина и шеќерот во крвта кај нив бил поголем од оние кои се изјасниле дека јадат побавно.
Лекарите велат дека тоа е поврзано со фактот дека на мозокот му е потребно некое време да обработи дека сте сити, и се додека тоа не се случи, продолжувате да јадете.
“Кога луѓето јадат брзо, тие продолжуваат да јадат и откако ќе престане чувството за глад”, вели д-р Такајуки Јамаи на Универзитетот во Хирошима, кој го предводеше истражувањето. “Исто така, луѓето кои јадат брзо, растот на шеќерот во крвта е поголем и ова може да доведе до инсулинска резистенција”.
Оваа студија ги потврдува наодите на претходните студии, кои веќе навестија дека за добро здравје многу подобро е ако јадете побавно.