![ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДА: Нова банкнота од илјада швајцарски франци](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/5d/c7e735d5-resize-820x0x100.jpg)
Швајцарската централна банка ја претстави редизајнираната верзија на банкнотата со најголема номинална вредност – 1.000 швајцарски франци.
Во соопштението на Народната банка на Швајцарија се наведува дека е целосно редизајнирана верзијата на банкнотата, која е „помала и со тоа полесна за користење“ од претходната, а истовремено има „целосна безбедносна заштита“.
Банкнотата е со виолетова и жолта боја. Од едната страна прикажува ракување, а од другата швајцарскиот Парламент. Во оптек ќе биде пуштена на 13 март.
извор: kanal5.com.mk