Некогаш не е се во парите. Овие 12 работи ќе ви помогнат да ги задржите најдобрите вработени, а само една од нив има директна врска со пари.
Се разбира, прва и основна работа за да имате среќни вработени е да бидете сигурни дека тие заработуваат фер плата за својата работа. Но, откако ќе го направите тоа, мотивирањето на најдобрите членови на тимот може да се постигне на следните начини:
1. Негување на односот
Претпоставените понекогаш, поради природата на својата работа, се изолираат од вработените и со тек на време го губат пристапот до вредни информации за нивното секојдневие. Затоа, понекогаш е добро да ги поканите членовите на вашиот тим на ручек или да организирате неформален собир каде што може да се информирате што се случува во нивниот професионален, но и приватен живот. Обидете се да се поврзете на автентичен начин (споделете ги вашите секојдневни работи со нив).
2. Работно опкружување
Имплементирајте култура на фокусираност, раст и заемно почитување и држете се подалеку од драматични ситуации. Во конфликтните ситуации, направете се од себе да спречите хаос и тензија. На долг рок ова гарантира високо ниво на задоволство на вработените. Запомнете дека на работа сме една третина од денот, па затоа е важно сите да се чувствуваат удобно.
3. Флексибилност
Флексибилноста не претставува никаков трошок, а може да ви донесе низа позитивни ефекти. Клизното работно време и можноста вработените сами да си го организираат своето темпо на работа гарантира повисока ангажираност и продуктивност.
4. Работа надвор од компанијата
Целосно или делумно – изборот е ваш. Можете да заштедите на трошоци, а доколку вработените ги почитуваат своите рокови, оваа привилегија нема да влијае на ефикасноста на работењето. Ако природата на работата не ја дозволува таа можност, размислете дали може да им олесните на вработените на некој друг начин (на пример, работа од дома во случај на негување на болен член на семејството).
5. Време за одмор
Дозволете им на вашите вработени да земат заработат повеќе слободни денови врз основа на нивните постигнати резултати. Без разлика дали сакате да ги наградите со продолжен викенд по завршувањето на некој голем проект или со дополнителен слободен ден за секоја трета година стаж во компанијата, времето за одмор е секогаш добра награда која ќе ви помогне да се разликувате од останатите компании и да ги задржите своите вработени.
6. Неплатено отсуство
Ако на вашите вработени не можете да им овозможите дополнителни платени слободни денови, дозволете им да земат неплатено отсуство од работа кога тоа ќе им биде потребно. Можеби некој од вашите вработени има burn out или пак здравствен проблем на некој член од семејството што го дефокусира од работата.
7. Поголема автономија и одговорност
Дозволете им на вашите вработени да се стекнат со поголема доверба со тоа што ќе им овозможите независно да управуваат со одредени процеси и да вршат работни задачи на свој начин. Овозможете им на постарите лица да преземаат повеќе одговорности. Ова покажува дека им верувате, а за најдобрите вработени ова е баш супер мотивација да бидат уште подобри.
8. Споделувајте информации
Редовното информирање на вработените за вашите бизнис планови, стратегии и цели претставува јасен сигнал за тоа дека им верувате и ги цените.
9. Барајте го и ценете го придонесот
Ако покажете интерес за мислењето на вашите вработени тие ќе предложат решенија кои некогаш можат да бидат вистинската работа – а ефектот е позитивен бидејќи кај нив ќе се развие чувство за припаѓање. Покажете им дека се вредни членови на тимот!
10. Интересна работа
Дали работата што вашите вработени секојдневно ја извршуваат е интересна и предизвикувачка? Најинтересните проекти треба да им ги доделите на најдобрите!
11. Чувство на раст
Споделениот професионален развој ќе им помогне на вработените да се чувствуваат како дел од тимот и компанијата. Разговарајте со вашите вработени на секои три месеци и дајте им го вашиот фидбек. Тоа ќе им помогне во дефинирање на приоритетите, ќе ги поттикне да преземат поголема одговорност и ќе ја зголеми нивната мотивираност.
12. Покачување
Не заборавјте дека нема подобра награда за добро завршена работа од бонус или покачување.