Расте бројот на директни авиолинии кои го поврзуваат Скопје со европски градови и метрополи кој во моментов изнесува 39 .
Најновите две авиолинии со кои ќе може да патувате од главниот град се Баден-Баден и Бремен.
И со овие две дестинации оперира нискобуџетната компанија Визер која има обврска да воведува нови рути за летање од македонските аеродроми согласно договорот со кој користи државни субвенции.