Дали од секогаш ве интересирало како е да живеете во Шведска? Каков е животниот стандард таму? Какви поволности имаат шведските работници?
Тамара Вркљан од Славоснки Брод, Хрватска веќе некое време живее во Стокхолм и реши да ги сподели своите впечатоци за животот во оваа земја. Тамара во 2015 година решила да се пресели во главниот шведки град, а идејата за одење во странство се појавила во моментот кога дознала дека е бремена.
Напуштањето на родното место било како последица на тешката финансиска ситуација во која се нашла нејзината фамилија. Стресот е непознат за Швеѓаните, викендите по правило не се работи, а доселениците се школуваат бесплатно, вели Тамара.
Меѓу другото, таа истакна 15 интересни работи за тоа како се живее горе на север:
1. Алкохол можете да купите само во посебни продавници
2. Секоја документација се завршува преку интернет во рок од 10 минути
3. Сите училишта се бесплатни за мигрантите
4. Училиштата и детските градинки се разработени до последен детал
5. Работниците ги имаат сите можни права
6. Не постои стрес
7. Породилното трае 480 дена и истото можат да го користат и двајцата родители
8. Доколку сте биле вработени повеќе од 6 месеци, за време на породилното имате право на 80% од вашата плата, а доколку сте невработени околу 5000 куни месечно
9. На секој агол има отворени детски градинки кои се бесплатни
10. Некои од трошоците за живот се поефтини отколку во Хрватска откако ќе го разгледате односот плата-цена
11. Секој работник, освен годишен одмор, добива и 40 часа годишно за да замине порано или да дојде покасно на работа, без никакво влијание на платата
12. Поврат на данок можете да добиете практично за се
13. 90% од вработените во Шведска не работат за време на викендите
14. Добро сте платени за секоја работа која ја работите
15. Од една плата можете да живеете доста удобен живот
Дали би се преселиле во оваа држава?