УХМР информира дека утре претпладне ќе имаме сончево и топло време, а попладне ќе има услови за локален дожд и грмежи, особено во планинските подрачја.
Дневните температури ќе бидат во Скопје 19, Маврово 12, Охрид 17, Прилеп 18, Кавадарци 19, Крива Паланка 18, Берово и Дојран 20 степени.
И метеорологот Славчо Попоски излезе со слична метео прогноза за наредните денови, но и со малку порана анализа на времето за овој викенд.
Во текот на оваа вечер како што најавивме особено во планинските места и тоа особено јужно од Скопско има развој на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Утре и во четврток ќе имаме сончево време со умерена облачност, локално ќе има и повремена позначителна облачност а само на југ и југоисток има услови за слаб локален дожд додека температурите на воздухот ќе бидат во незначително опаѓање и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 утре и од 13 до 20 во четврток.
Веќе за време на викендот повторно поради позначителен продор на топол воздух од југ ќе имаме пораст на температурите и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени а времето ќе биде стабилно и сончево а само во недела доцна попладне особено на планинските места на запад има услови за слаб и краткотраен дожд.
Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец кој утре и во четврток повремено ќе засилува на интензитет.
извор: skopje24.mk