НЛБ Банка вработува
НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.
НЛБ Банка во секторот за информатичка технологија нуди отворени работни позиции во рамки на кои ќе имате можност да работите на анализа, развој, имплементирање и поддршка на ИТ решенија и платформи, предлози за воведување на нови решенија и подобрувања на банкарското работење од областа на ИТ технологијата кон деловните корисници и клиентите на Банката.
Отворените работни позиции во Секторот за информатичка технологија се во рамки на следниве сегменти:
1 .NET програмер
Главна цел на работното место е креирање и развој на софтверски ИТ решенија, активна комуникација за собирање на потребните технички барања од деловните корисници или бизнис аналитичари во насока на дизајнирање на апликациите на банкарското работење од областа на ИТ технологијата.
Улога во тимот:
- Развој на нови front-end / back-end решенија, интерфејси;
- Надградба на постојните апликативни решенија;
- Одржување на постојни апликации.
- Анализа на деловните барања и спецификација на програмско решение;
- Организација и учество во имплементација на програмски решенија;
2. Software developer
Главна цел на работното место е анализа, развој, имплементирање и поддршка на ИТ решенија, иницирање предлози за воведување на нови решенија и подобрувања на банкарското работење од областа на ИТ технологијата.
Улога во тимот:
- Развој, планирање, одржување и дополнување на програмските решенија;
- Воведување нови алатки за релациони бази на податоци (Microsoft SQL Database) при развојот на апликациите;
- Помош на деловните корисници на системите при тестирање на програмските решенија и проценка на резултатите од тестирање;
- Учество во воведување нови технологии и стандарди за развој на програмските решенија;
- Соработка со надворешни изведувачи за развој на нови проектни решенија од областа на банкарската информатичка технологија.