Финска, земјата која втора година по ред беше прогласена за најсреќната земја на светот, нуди бесплатно летување. Затоа, ако сакате да поминете дел од летото учејќи како да бидете среќни, тоа можете да го направите и бесплатно.
„Посетете ја Финска“ (Visit Finland) ја започнува програмата „Изнајми Финец“ (Rent A Finn) за да привлечат повеќе туристи. Во 2016 година тие имаа друга програма со која ги повикуваа луѓето да се ослободат од стресот преку програма од пет чекори фокусирана на природата, додека во 2018 година на посетителите им нудеа работа од соништата, која вклучуваше гледање на поларната светлина.
Сега тие сакаат да го спасат светот од стрес така што ќе ги поврзат туристите со финските водичи за среќа и ќе им овозможат бесплатно патување во Финска. Која е целта? Да учат за тоа што е вистинска среќа и да нурнат во финската традиција и култура.
„Сакаме да бидеме сигурни дека патниците ќе ја искусат автентичната Финска така што ќе им ја покажеме нашата врска со природата, а низ ова патување ќе ги води нивни личен водич за среќа“, вели Хели Хименез, директор на проектот.
Тој додава дека на туристите ќе им биде овозможено да го живеат животот што го живеат Финците, да пробаат храна на автентичен начин, да шетаат во шума и да престојуваат во далечна викендичка од која ќе имаат поглед на езеро.
Патниците можат да се пријавуваат на страницата на „Rent A Finn“. Пријавувањето трае до 14 април.