Срцевиот удар може да влијае на млади и на стари лица. Обично луѓето кои се дебели имаат зголемен ризик од срцев удар и тоа пред 30-тата година.
Причината за тоа е голем внес на сол и масти. Затоа јадете здраво и нема да ги затнете крвните садови и да се доведете до удар. Вашата исхрана, вашиот животен стил можат да спречат многу лоши работи.
Симптоми на срцев удар можат да се појават неколку недели претходно. Некои симптоми се ненадејни и силни, а некои се лесни и мислиме дека не се ништо опасно.
Некои од симптомите се:
- Болка во градите
- Болка која се пренесува на рамената, екстремитетите
- Мачнина
- Потење
- Отежнато дишење
- Проблеми со желудникот
Покрај овие симптоми, има уште еден за кој веројатно не сте знаеле. Тоа е косата. Имено, ако е големо нивото на кортизон во косата, значи дека е можен срцев удар. Инаку, нивото на кортизон се мери во урината, крвта, но може и во косата. Така што ја провериле косата кај луѓето кои имале срцев удар и се покажало дека тие имале повеќе кортизон.