Саво Ковачевиќ е успешен Босанец во Германија. Тој е сопственик на компанијата Kovacevic Strassenbau којашто се занимава со одржување и реновирање на патишта и тротоари. Според него, во оваа дејност неговата компанија е најдобра во цела Германија.
Тој вели дека неговата компанија годишно заработува околу шест милиони евра, а има 64 вработени. Ако се земат и вработените од останатите компании кои сезонски работат за неговата компанија, тој број се зголемува на 120. Со гордост истакнува дека над 80 од вработените доаѓаат од БиХ.
Вредни и чесни
Секој кој одлучува да дојде во Германија и сака да работи во мојата компанија, веднаш му обезбедувам виза за влез и работа бидејќи јас сум многу задоволен од нив. Исто така, сакам да потенцирам дека моите најдобри вработени доаѓаат од Тузланскиот кантон и тие се многу вредни, точни, прецизни и искрени. Досега сум немал никаков проблем со нив, а нашите германски партнери се крајно задоволни од работата што ја вршат. И тие се задоволни со мене како работодавач бидејќи досега не се случило ниту еден вработен да ме напушти, а на голем дел од нив им се насмевна среќата и останаа да живеат во Германија, вели Ковачевиќ.
Доаѓаат со семејствата
Иако на многумина им дал леб во рака, тој не крие дека одредени луѓе го мразат од дното на душата бидејќи извезува работна сила од БиХ.
Овие луѓе работеле таму за месечна плата од 250 евра, а кога дојдоа кај мене, тие заработуваат 2.500 евра. Имам три куќи, апартмани и ги оставам да престојуваат таму додека не се снајдат. Некои доаѓаат во комплет со своете семејства, а потоа се одвојуваат изнајмувајќи сопствени станови и започнуваат со нов живот. Ова е најголемиот доказ дека ја правам вистинската работа за моите луѓе и мојот народ, заклучува Ковачевиќ.
Босанец во срцето и душата
Иако е роден во Германија, Ковачевиќ не го заборавил местото од каде што потекнуваат неговите родители. “Без оглед на тоа што сум роден во Германија, јас сум во Босанец во срцето и душтата“, вели тој.
Хуманист
Иако за тоа не сака да зборува, Ковачевиќ е исто така голем хуманист. Тој вели дека секогаш е тука кога на некој му треба помош. Особено е чувствителен за крајот од каде што потекнува па затоа им помага со пари кога и да треба да се изгради некоја црква или џамија.