Од вчера започна да работи нова апликација која има цел да го олесни пристапот на пациентите до слободните термини во рамки на системот „Мој Термин“.
Мои Доктори е македонско-шведска соработка помеѓу Љупчо Наумов и Томас Воксеп. Апликација треба да пружи транспарентен пристап на своите корисници кон здравствени услуги, притоа имајќи ја заштитата на лични податоци како приоритет.
Во моментов на располагање се 219 слободни термини, а сите граѓани треба да се регистираат со своите податоци за да имаа пристап со базата.