Просечниот исплатен бонус на Волстрит се намалил за повеќе од 30 000 долари и покрај зголемувањето на профитот од 11% во индустријата за хартии од вредност, се наведува во официјалниот извештај за контрола на финансиските работници на Њујорк.
Според проценката на контролорот Томас ДиНаполи просечниот годишен бонус на вработените во 2018 година паднал за 17%.
Исплатените бонуси на Волстрит во периодот од декември до март служат како показател за тоа како фунцкионира индустријата за финансиски услуги.
Вкупниот профит на брокерските фирми, членови на Њујоршката берза, во 2018 изнесувал 27,3 милиони долари во однос на 24,5 милиони долари годината пред неа и покрај турбуленциите на берзата на крајот од годината, стои во извештајот.
Профитот во 2018 година пораснал и речиси се дуплирал во споредба со тој од 2015 година. Бонусите минатата година опаднале, но нивниот просечен износ се уште бил двојно поголем од просечната годишна плата во градот, изјави Томас ДиНаполи.
Уште еден фактор кој влијаел на намалениот просечен бонус во 2018 година е отварањето на нови 4 700 работни места во индустријата за хартии од вредност. Тоа значи дека фондот наменет за бонусите бил поделен помеѓу поголем број вработени, додава ДиНаполи.
Во извештајот се наведува дека просечната плата на вработените во оваа индустрија заедно со бонусите за 2017 година изнесувала 422 500 долари, и тоа е последна година за која се има целосни податоци. Тоа е за 5 пати повеќе од просечната плата во приватниот сектор во Њујорк, истакна ДиНаполи.
Дали сакаш да знаеш колку изнесува просечната плата за твојата позиција? Провери тука.