Многу луѓе лутаат додека ја најдат вистинската професионална насока во животот. Бил Гејтс, милијардерот, има прилично љубопитен совет за сите нив.
Ако некој човек сака да открие која е најдобрата работа за него, треба да се сети на она во кое навистина бил заинтересиран во неговите тинејџерски години.
"Она со кое што сте биле опседнати меѓу 13 и 18-годишна возраст - тоа е, во кое имате шанса да се разликувате", вели Гејтс во телевизиско интервју.
Тој самиот сакал да пишува софтвер како млад човек и ова хоби многу му помогнало. Потоа го создава Microsoft, станува милионер уште во 20-те години, а денес е вториот најбогат човек во светот.
"Единственото нешто што го направив беше да напишам или да се обидам да пишувам софтвер", вели Гејтс. Првиот што го создаде беше дигиталната верзија на шаховската игра.
Се разбира, младешкиот ентузијазам е само почеток. Гејтс признава дека му е многу тешко да ги подобри своите вештини.
"На 15 години си мислев дека сум страшно добар. Но по различни проекти се случуваше да се сретнам со понапредни од мене. Тоа беше многу корисно, бидејќи добивав репер. Постојано се прашував: Колку подобар можам да станам" вели претприемачот.
Па, очигледно доволно да го напушти "Харвард", да формира сопствена компанија на 20 години и денес да поседува близу 98 милијарди долари.