Купувањето на нов автомобил е возбудлив настан, но кога еуфоријата ќе помине тогаш сомнежите во направениот избор можат да поттикнат радикални решенија. Сајтот за трговија со користени автомобили од САД, iSeeCars состави рејтинг на моделите, кои најчесто го менуваат сопственикот уште во текот на првите 12 месеци после купувањето.
Рангирањето се базира на истражување на повеќе од 46 милиони зделки и пребарување само на автомобили кои поминале најмалку 1000 милји (1609 километри). Резултатите покажуваат дека првите десет модели се препродавани после првата година 2,5 пати почесто од просекот.
Осум од десетте возила на врвот на рангирањето се од луксузни брендови и се поделени меѓу германските и британските брендови. Nissan, кој учествува со два модели е единствениот исклучок на премиум списокот.
Нови автомобили, продавани најчесто во првата година после купувањето
Место-Модел-% препродадени во првата година
1-Mercedes-Benz C-Klasse 12,4%
2-BMW 3 11,8%
3-Land Rover Discovery Sport 11,8%
4-Land Rover Range Rover Evoque 10,9%
5-MINI Clubman 10,7%
6-BMW X1 10,4%
7-BMW X3 9.0%
8-Nissan Versa Note 9.0%
9-Jaguar XF 8.8%
10-Nissan Versa 8.7%
Просек 3.4%
Од iSeeCars немаат конкретна дијагноза зашто овие автомобили ги менуваат брзо своите сопственици. Некои од моделите имаат доста ниски оценки за безбедноста во рејтингот на Consumer Reports, што е јасна причина за разочарувањето.
Брендови, продавани најчесто во првата година после купувањето
Место-Модел-% препродадени во првата година
1-BMW 7.9%
2-Porsche 7.6%
3-Mercedes-Benz 7.4%
4-Land Rover 6.5%
5-Jaguar 6.4%
6-MINI 6.2%
7-FIAT 5.2%
8-Audi 5.1%
9-Nissan 5.0%
10-INFINITI 4.7%
11-Maserati 4.3%
12-Ram 4.1%
13-Dodge 4.1%
14-Acura 3.9%
15-Mitsubishi 3.8%
16-Cadillac 3.8%
17-Volkswagen 3.7%
18-Jeep 3.6%
Просек 3.4%