Истражувањата покажуваат дека повеќе од половината од вработените бараат нова работа додека се во работен однос. Денес не е само платата во прашање, а и многу примери покажуваат дека и добро платени работници ги напуштаат своите работни места. Она што навистина е потребно е многу поддршка, вреднување, соработка…
Коректен однос со работодавачот
Од големо значење е да се има коректен однос со работодавачот којшто придонесува со високи 70% за мотивацијата на своите вработени. Затоа, токму тие треба да им помогнат на членовите од тимот, да ја дадат потребната поддршка, да го вреднуваат сработеното и да обезбедат добри услови за работа.
Улога и обврски
Многу од вработените не знаат што точно се очекува од нив и како се дефинира нивната улога во компанијата. Она што им е потребно е јасно одредени обврски и назив на работно место уште од првиот ден. Така нема да има забуни, а за секоја промена во задачите и позицијата треба да се пристапи фер, одговорно и професионално од двете страни.
Тим
Во секој тим треба да владее доверба и почит. Секој вработен треба да работи за доброто на сите, што води кон чувство на вредност и одличен перформанс. Особено е важен пристапот кон новите вработени, кои допрва треба да станат дел од една целина. Ним треба да им се посвети поголемо внимание за во најскоро време да се почувствуваат како важен дел од тимот и компанијата.
Работна средина
Работната средина треба да ги задоволи потребите на вработените. Без разлика дали станува збор за отворен простор или посебни канцеларии, секој работник треба да има комоција и да ги извршува своите обврски без притисок. Тука спаѓаат и оптималната светлина, температура, врева и сето она што придонесува за одржување на внатрешниот баланс.
Добросостојба
Ако работата им претставува стрес, тие ќе го напуштат работното место. Вработените треба да бидат во добра психичка и физичка состојба и да го сакаат тоа што го работат. За таа цел работодавачите треба да го поттикнат нивниот ентузијазам, енергија и чувство на вредност, на различни начини и според карактерот на секој индивидуалец.