Оваа година во Македонија има многу споени викенди, но губиме неколку неработни денови кои се паѓаат во викенд, а еден од нив беше Бадник, како и Водици.
За Велигден добиваме 4 денасо викендот, кратко се враќаме на обврските, и потоа Први Мај е неработен.
Неработни денови во 2019 година се:
За сите граѓани на РМ
- 29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
- 1 мај (среда), Ден на трудот,
- 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители,
- 4 јуни (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
- 2 август (петок), Ден на Републиката,
- 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 9 септември (понеделник) е неработен ден,
- 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
- 23 октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба,
- 8 декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник) е неработен ден.
За граѓаните од православна вероисповед
- 26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
- 14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
- 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
За граѓаните од католичка вероисповед
- 22 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
- 1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
- 25 декември (среда), првиот ден на Божик.
За граѓаните од муслиманска вероисповед
- 11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
- 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука,
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
- 23 мај (четврток), Национален ден на Власите,
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
- 9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците,
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
- 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.