Не знаете како да се натерате на повеќе движења, активности, а и конечно губење на килограмите? Освен што за почеток мора да ја пронајдете желбата за промена на вашите животни навики, постои едно едноставно движење кое може да ви помогне конечно да започнете.
Докторот Џон Мортон, кој е експерт за губење на тежината и шеф на хирургија на Универзитетот Стенфорд, ја открил најдобрата стратегија за започнување на вежбање. Поточно, открил кое е движењето, ако доволно пати го повторите, може да ви помогне во зајакнувањето на мускулите на стомакот и задникот, но исто така и согорува калории.
Работата е прилично едноставна, станете од столчето најмалку 30 пати на ден.
Да, добро прочитавте.
Во интервју за PopSugar тој открил дека ова движење е одличен почеток за луѓе кои не се движат многу. Но, тоа е добар почеток само ако навистина не можете да се пофалите со добра кондиција, додека на оние луѓе кои веќе се физички активни нема да има никакво влијание.
Ако сепак се одлучите да ја пробате оваа вежба, внимавајте како ја работите. Имено, не заборавајте кога ќе станувате да ги стегнете мускулите на стомакот и задникот, исто како кога правите склекови.