Во Европската унија, недостатокот на работници е очигледен, па затоа во некои земји, дипломираните студенти немаат никакви проблеми со вработување.
Според податоците на Еуростат, Малта е европски шампион во вработувањето на своите дипломирани студенти.
Стапката на вработеност на дипломираните студенти во оваа земја изнесува дури 94.5 проценти, што е подобро од Германија која е на второто место со 90.9 проценти.
Зад Германија, Холандија е со околу 90 проценти. Работа по дипломирање брзо се наоѓа и во Република Чешка, каде што дури 89.9 проценти од академските граѓани успеваат да се вработат во многу краток рок.
Во Австрија, дури 89.4 проценти од младите луѓе со диплома веднаш добиваат работа по завршувањето на студиите.
Подолу се Словенија (81.6 проценти) и Полска (81.2 проценти). Дури и Бугарија има висок процент, околу 77 отсто. Во Романија, таа бројка е 76 проценти.
Според најновите истражувања од Брисел, просекот на земјите во ЕУ е во пораст – во 2014 година тој изнесувал 76 проценти, а во 2018 година дури 80.2 проценти.
Интересно, на дното на 28-те земји-членки на ЕУ се Италија и Грција.