На многумина им се има случено при сипување на масло за моторот истото да се растече. Ако дел од течноста дојде до допир со покартениот простор и со моторот, тоа води до непријатна миризба во внатрешноста на автомобилот, но и до валкан и непријатен мотор.
Ако имате потешкотии со полнењето на моторно масло, постои еден начин кој ќе ви ја олесни задачата. Особено онаму каде е потешко да се стави масло на „едноставниот начин“.
За да го направите ова потребен ви е исправен штрафцигер, кој треба да го имате во левата рака и го ставите на отворот и да го држите под агол. Потоа го сипувате маслото и се стремите кон тоа да биде тенок слој и да тече по металниот дел од штрафцигерот.
Многу едноставно. Пробајте и ќе видите дека навистина функционира. Ем работата завршена – ем чист мотор и чисти раце.