Вашата тежина одредува колку точно вода морате да пиете во текот на денот
Секоја диета и начинот на губење на тежината подразбира и пиење доволно количина вода, а според општата пресметка, препорачаната дневна доза на вода е два литри односно осум чаши вода. Но, ако сакате да ги зголемите вашите шанси за слабеење и диетата да биде успешна тогаш од водата извлечете максимум, односно во предвид морате да ја земете својата телесна тежина, односно и килограмите и според тој број да одредите колку точно вода морате да испиете.
Успешноста на диетата се зголемува со внесување доволна количина на вода, а колку вода точно треба да испиете, одредува вашата тежина.
Еве колку вода дневно му треба на вашето тело за да ослабите, со оглед на вашата телесна тежина:
60 килограми – 2 литри вода (5-6 чаши вода од 3,5 децилитри)
65 килограми – 2,1 литри вода (околу 6 чаши вода од 3,5 децилитри)
70 килограми – 2,3 литри вода (околу 6 чашу вода од 3,5 децилитри)
75 килограми – 2,5 литри вода (околу 7 чаши вода од 3,5 децилитри)
80 килограми – 2,6 литри вода (околу 7 чаши вода од 3,5 децилитри)
85 килограми – 2,8 литри вода (околу 8 чаши вода од 3,5 децилитри)
90 килограми – 3 литри вода (околу 8 чаши вода од 3,5 децилитри)
95 килограми – 3,2 литри вода (околу 9 чаши вода од 3,5 децилитри)
100 килограми – 3,3 литри вода (околу 9 чаши вода од 3,5 децилитри)
105 килограми – 3,4 литри вода околу 9 чаши вода од 3,5 децилитри)
110 килограми – 3,6 литри вода (околу 9 чаши вода од 3,5 децилитри)
115 и повеќе килограми – 3,7 литри вода (10-11 чаши вода од 3,5 децилитри)
Совети како во текот на денот да внесете доволна количина вода и така да го задоволите важното правило на секоја диета:
1. Пред секој оброк, пијте по две чаши вода од 2.5 децилитри. Ако јадете три пати на ден на тој начин ќе внесете 1,5 литри вода.
2. Наутро веднаш штом ќе се разбудите и навечер пред спиење испијте две големи чаши вода и на тој начин ќе внесете до 1 литар вода.
Совет: Ако поради водата што ја пиете пред спиење, се будите во текот на ноќта бидејќи морате да мокрите, таа чаша вода испијте ја наутро. За уште подобар ефект на водата можете да додадете лимон или други додатоци.