Ако сте менаџер за човечки ресурси, преку ова прашање може да дознаете колку му значи на кандидатот да ја добие работата, а ако сте кандидат, тоа е едноставна можност вистински да се издвоите од конкуренцијата.
Сузи Велч како долгогодишен експерт за лидерство и менаџмент во својата најнова статија за CNBC ни открива кое е тоа прашање коешто може да открие толку многу за кандидатот и притоа да му овозможи на истиот да се истакне пред другите.
Тоа прашање, според Велч, е: “Што се направивте за да се подготвите за ова интервју?“.
Таа вели дека лично го преферира ова прашање бидејќи одговорот може да открие многу работи, а во исто време да му даде шанса на кандидатот да ги покаже своите организациски вештини.
Еднаш интервјуирав кандидатка за позиција асистент на извршен директор која изгледаше совршено на хартија, се сеќава таа.
“Имаше големо искуство, а нашиот разговор започна доста весело додека не и го поставив ова прашање“. Изненадена, таа одговорила: “Ја барав вашата канцеларија на Google Maps“. Впрочем, тоа била целокупната нејзина подготовка.
Се разбира, пронаоѓањето на местото каде што ќе се одвива интервјуто мора да биде на вашата листа на обврски, но тоа не се смета за подготовка. Наместо да го избере тој кандидат, Велч избрала некој кој направил дополнителни напори и издвоил време за да прочита доволно за Велч и историјата на нејзината кариера.
“Избрав кандидат кој ги има прочитано сите мои книги и колумни“, вели таа.
Според Велч, кандидатот не останал само на Google Maps, туку и ден предтоа проверил дали има слободно паркинг место во близина наместото каде што било договорено интервјуто.
Нејзината реакција кога го запознала кандидатот била: “Леле, почнавте да работите на оваа работа уште пред да ја добиете истата“.
Убавината на ова прашање, вели Велч, е во тоа што ако сте менаџер одговорен за вработување можете да видите колку навистина сака вашиот кандидат да ја добие работата, како и видот на подготовката, имагинацијата и енергијата што тој или таа ќе ја донесе на работното место уште од првиот ден.