Германската компанија за производство на кабли во автомобилската индустрија, Кромберг & Шуберт ДООЕЛ Битола, повторно организира отворен ден, со обезбеден превоз до фабриката за граѓаните од Битола и Прилеп во среда (15.05.2019). Во продолжение следува известувањето за отворениот ден од страна на компанијата Кромберг & Шуберт.
„Почитувани сограѓани, ве известуваме дека Кромберг & Шуберт Македонија Дооел Битола организира отворен ден за сите кои сакаат да се запознаат со начинот на работа во компанијата, овој пат во среда.
За таа цел во среда, 15.05.2019 година сите заинтересирани ќе имаат можност да ја посетат фабриката и да се запознаат со процесите и работните места за време на прошетката која ќе биде спроведена од страна на претставници на компанијата.
Превозот до индустриската зона во Жабени ќе биде организиран од страна на Кромберг & Шуберт од „Марко Цепенков“ – Прилеп во 16:30ч и „Ракометно“ - Битола во 17:00ч во соработка со компанијата МиГ Травел од Битола. Автобусите ќе бидат обележани со посебни натписи на кои ќе биде наведена намената на превозот.
Веќе седум години по ред оваа компанија гради една поинаква приказна и придонесува за стабилноста на повеќе од 6400 семејства во Пелагонискиот регион.
Повелете, бидете наши гости и запознајте нé подобро !
Да, знаеме дека за нас се зборува многу но не верувајте во сѐ што ќе чуете – дојдете и сами уверете се во работната атмосфера која владее во компанијата како и во условите кои ги нудиме.
Напомена: Ние ќе растеме и ќе нудиме можности за вработување до комплетирање на тимовите заради што сакаме да ги избереме најдобрите да се приклучат на нашето големо семејство сега, кога за тоа има шанси.
Бидејќи компанијата ќе го достигне својот максимален капацитет и повеќе нема да растеме, можностите за вработување ќе бидат ограничени бидејќи ќе се фокусираме на консолидација на тимовите.
Времето да се приклучите на нашиот тим е ограничено! Инвестирајте во својата иднина сега – одберете интернационална компанија со повеќе од стогодишна традиција и знаење, и тоа, овде во Битола. Интернационално – а наше.“