Уште откако Едмунд Хилари се искачи на врвот во 1953 година, илјадници авантуристи се обиделе да го освојат смртоносниот врв Монт Еверест. Всушност, толку многу луѓе се обидуваат да го направат тоа секоја година, што хималајската убавина полека се загадува.
Еверест е популарен поради импресивното именување како највисоката планина во светот, но, според науката, таа не е највисока планина во светот.
Да. Највисоката планина во светот всушност е Чимборазо - неактивен вулкан во состав на Андите во Еквадор - бидејќи е најдалечната точка од центарот на Земјата, а со тоа е и највисок кога станува збор за далечина.
Според Ели Розенберг од „Њујорк тајмс“, врвот на Чимборазо се издигнува на 6.248 метри над морското ниво, што е помалку од оние 8.529 метри на Еверест, но сето тоа се менува кога се мери од центарот на Земјата.
Всушност, затоа што Земјата не е рамна, таа набабрува кон екваторот и се израмнува кон половите. Тоа значи дека планините во близина на екваторот технички се повисоки од оние во другите области и така Чимборазо е речиси точно на екваторот, додека Еверест е 28 степени на север.
Па колку е повисока оваа планина? Според еден извештај, Еверест се протега на 6.382 километри од центарот на Земјата, додека Чимборазо на 6.384 километри. Иако разликата е само 2 километра, тоа значи сѐ кога станува збор за доделување на круната на највисоката.
Всушност, тие два километра се доволни за да ја стават Чимборазо на првото место и да го истуркаат Еверест од првите 20.
Целиот текст прочитајте го на Факултети.мк
Монт Еверест не е највисоката планина во светот!
News
-
Просечната нето плата во Хрватска е 1.340 евра
Просечната нето плата во Хрватска во октомври изнесува 1.340 евра, што е номинално за 1,4% повеќе, а реално за 0,3% повеќе од еден месец претходно, додека на годишно ниво е забележан номинален раст од 13,8%, а реален од 11,4%. соопшти Државниот завод за статистика.
-
Ќе се отвори најголемиот „Џамбо“ во Македонија - Еве во кој град!
Во рамките на „Гевгелија мол“ е најавено отворање на најголемото „Џамбо“ во Македонија.
-
УЈП ги повикува угостителите да ги почитуваат законските обврски при организирање новогодишни прослави
Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира сите угостители кои организираат предновогодишни и новогодишни прослави, како и останати активности поврзани со претстојните празници, имаат обврска да ги исполнат законските барања за регистрирање на готовински плаќања.
-
ChatGPT ќе биде достапен и на вашиот фиксен телефон
ChatGPT" доаѓа на телефоните. Не, не паметните телефони – на фиксните телефони. Јавете се на 1-800-242-8478 (1-800-CHATGPT) и помошникот на "OpenAI" со вештачка интелигенција ќе одговора од среда попладне
-
За „Генерацијата З“ празничното украсување е помалку традиција, а повеќе самоизразување
Новогодишните елки во некои домови во САД оваа година покажуваат повеќе „неконвенционалност“ во изборот на украси за елки, посочуваат испитувањата. Тие, велат познавачите, денес во поголема мера ја изразуваат личноста на домаќините и не се општ безличен симбол на божиќното расположение.
-
Драстичен пад на бројот на земјоделци во Македонија - потребни се години за поврат на производството
Бројот на регистрирани земјоделци во земјава денес е околу 65.000, значително помал од пред десет години кога изнесувал 90.000. Лозарството е во опаѓање, а сточарството сега брои 140.000 грла крупен добиток, наспроти 260.000 од пред една деценија.