Објавен список со најдефицитарни професии за кои се бараат работници од странство
Австралија повторно станува актуелна работа и живот кај луѓето од Балканот, особено за оние кои имаат инженерска диплома или медицина, бидејќи се на основниот список објавен на австралискиот сајт за виза.
Токму овие две професии се дефицитарни и Австралија е подготвена за нив да плати дури 10.000 евра.
Австралија се врати на мапата и стана земја привлечна за балканските работници, бидејќи со забрзаниот развој на економијата повторно бара работници.
Заминувањето на овој далечен континет најмногу може да им се исплати на докторите, стоматолозите и инженерите, бидејќи кандидатите со оваа струка се најпотребни во Австралија, а платите им се од 10.000 евра за докторите, 8.000 евра за инженерите.
Покрај медицинските сестри, можност за работа имаат и радиолозите, радиолошките техничари, физајтри, логопеди и физиотерапевти.
Извор: Прес24