Професионалното однесување треба да биде составен дел од вашиот карактер. Не само на работното место, туку и во приватниот живот треба да негуваме етички навики, за наше добро и за доброто на другите. Сè може да започне од вас, па затоа потрудете се да бидете пример што другите ќе го следат.
Не бидете прегласни
Без разлика што и да правите – одите, јадете, зборувате, не правете го тоа гласно и неумесно.
Не прекинувајте ги останатите
Ако имате нешто да кажете, изјавите, демантирате… почекајте другите да завршат, па потоа изјаснете се.
Не прашувате кој колку заработува
Тоа е приватна работа. Единствен начин да ја дознаете таа информација е доколку колегата/колешката сака тоа да го сподели со вас. Не се обидувајте да наоѓате “кратки патеки“ до доверливи податоци.
Не позајмувајте ништо без прашање
Ако нешто ви треба, прво побарајте дозвола за да се послужите.
Без жалби и критики
Во ред е понекогаш да се пожалиме или да искритикуваме некого, доколку навистина има простор за тоа. Но, доколку тоа го правите постојано, на дневна база, вашето однесување ќе добие форма на некултурно и непрофесионално.
Бидете тука кога треба
Освен што не смеете да го прескокнете утринскиот поздрав со тимот, не треба ни да ги одбегнувате групните прослави, од типот на родендени и слично… Вие сепак сте дел од компанијата и споделете ги ваквите моменти.
Внимавајте со шегите
Секој сака ведра и расположена личност што ги смее луѓето. Но, внимавајте шегите да не ја преминат границата на дозволено и некој да биде навреден.
Не прислушувајте туѓи разговори
Доколку некои колеги треба да споделат нешто помеѓу нив, не се мешајте во нивниот разговор. Уште полошо е да се обидете да ги прислушувате. Не подлегнувајте на такво однесување.