Еден од најпознатите готвачи во светот Џејми Оливер минатата година прогласи личен банкрот и последните две години претрпе милиони долари загуби. Тоа е причината зошто тој мораше да ги затвори повеќето од своите ресторани и така да даде отказ на своите вработени.
Џејми за отказите ги известил вработените преку е-пошта, и меѓу нив и луѓето кои ги загубија своите работни места на кои биле повеќе од десет години.
Знам колку е тешко да се добие оваква вест, но сакам да ве уверам дека навистина се обидов да најдам било каква можност да ја спасам мојата работа. Јас вложив се што можев за да се променат работите. Во моментов не можам да бидам физички со вас, сакам на сите да ви се заблагодарам за се што „дадовте“ во нашите ресторани , напиша Џејми меѓу другото, и додаде дека има многу нешта за кои работниците можат да бидат горди на.
Познатиот готвач додаде дека му е чест што бил дел од тоа и како тоа е токму поради тоа многу тешко да каже збогум на приказната за рестораните.
Денес е многу тажен ден. Вие луѓе сте најдобри во овој бизнис и знам дека наскоро ќе направите големи работи. Искрено ми е жал, јас ви праќам љубов, благодарност, и што е најважно, јас ви посакувам многу среќа, заклучи Џејми.
Инаку, Џејми Оливер важеше за еден од најпознатите телевизиски готвачи во светот, а таа титула ја доби благодарение на својата емисија “Гол готвач“.