Уште два дена за граѓаните кои не направиле потврда или корекција на Годишната даночна пријава
Управата за јавни приходи соопшти дека рокот за потврда или корекција на Годишната даночна пријава ќе биде продолжен за време на викендот.
Граѓаните кои не ја завршиле оваа обврска, ќе можат да извршат проверка на електронската даночна пријава уште денеска и утре (1-ви и 2-ри јуни).
Поради тоа што крајниот рок за добивање на статус на конечни даночни пријави е во неработен ден, согласно на што на 03.06.2019 (понеделник), Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави според последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или корегирана, велат од УЈП.
Пријавите коишто не се потврдени или корегирани од страна на граѓаните, ќе бидат потврдени по службен пат.