Има време за индивидуалност, посебност... Сега е важно вашето дете да биде како и сите други
Во животот постои период кога детето бара нешто за да биде „како и сите други.“ Без оглед на се, секоја генерација има своја радост. Барбики, спинер, слајм... Психолозите велат: Купете му го на детето тоа што го сака. Воопшто не е лошо помалку да се биде како и сите други.
Дури и да се работи за играчка со лош квалитет или малку повисока цена, купете ја. Зошто? Затоа што така треба!
Да се разбереме, ова правило не важи секогаш, но важи кога барањето содржи „ама сите го имаат“. Кога детето ќе ви го каже ова и ќе ве замоли да му купите нешто, купете го. За децата тоа ќе биде лозинка за влез во кругот, за прифаќање. Вашето дете тогаш ќе биде дел од детската заедница.
- Сите имаат такви фармерки, или сите девојчиња имаат маица на која принтот и се движи горе-долу.
Иако на вас сето ова ви изгледа како банална ситница, послушајте го детето и купете му го она што го бара. Не дозволувајте во тој период на растење да се одвојува и да се разликува од останатите деца.
Проголтајте ја гордоста, закопајте ги вашите принципи и дозволете му на вашето дете да влезе и да припаѓа на заедницата. Зад таквите небитни работи како играчки или облека се кријат многу важни чувства и состојби. Во одредени моменти е многу важно да се биде како и сите останати. Така децата стануваат моќни и сигурни во себе. Ќе дојде време кога ќе бидат индивидуални. Правилно израснатото дете еден ден самото нема да сака да биде како и сите останати. Желбата на родителите да го променат мислењето на своето дете може негативно да се одрази врз него. Детето може во ран период од својот развој да биде отфрлено од друштвото.
Детето е чувствително и ќе биде повредено ако родителите му кажат: „Ние сме подобри, ние тоа не го правиме. Ние не носиме скинати фармерки и.т.н...“ Детето ќе биде гордо, но подоцна нема да биде прифатено од заедницата и ќе пати. Пуштете го да биде прифатено, да изгради социјален однос. Понекогаш не е воопшто лошо да биде „како и сите други“.