Во тек се конкурси за вработување на државни и јавни службеници.
На веб страницата на Агенцијата за администрација, активни се голем број огласи за вработување на државни и јавни службеници.
Општинското основно училиште Братсво Миѓени во Тетово има активен оглас за вработување на 1 извршител на позиција Советник за општи и нормативно правни работи.
Општина Македонски Брод има потреба од вработување на 1 извршител на позиција Советник-Овластен градежен инспектор.
Општина Кисела Вода вработува 2 извршители на следните две позиции: Раководител на одделение за правни работи и Соработник за административни стручни работи од областа на образованието.
Општина Делчево објави оглас за вработување на 1 извршител на позиција Одговорен сметководител во одделението за буџетска контрола, сметководство и администрирање со даноци.
Општина Велес вработува 3 извршители на следните три позиции: Советник за правни работи и правна помош, Помлад соработник – Даночен извршител и Самостоен референт – Книговодител.
ЈУ Центар за социјална работа – Пробиштип има потреба од 2 извршители на позициите: Виш соработник правник и Самостоен референт архивар.
Јавното претпријатие за стопанисување со Индустриска зона Жабени – Битола има активен оглас за вработување на 1 извршител на позиција Виш референт за административно – технички работи.
Јавното претпријатие за државни патишта бара да вработи 5 извршители на вкупно три позиции: Советник за инвестиции и градба на патишта со средства од РМ (1), Советник за инвестиции и градба на патишта со средства од МФИ (3) и Советник за инвестиции од делот за електроенергетски објекти (1).
Рокот за аплицирање е различен за секој оглас. За повеќе информации, посетете ја веб страницата на Агенцијата за администрација.