Слабостите во овие области можат да ве направат помалку ефективен лидер.
Не е тајна дека менаџерите не се совршени. Но, очигледно, секој трет вработен смета дека неговиот менаџер треба да поработи на себе за да ги има клучните вештини кои се потребни за успех. Според едно истражување спроведено од страна на OnePool, еве кои се тие вештини:
Комуникација
Колку подобро комуницирате со вашиот тим, толку поефикасен ќе бидете како менаџер. Ако сметате дека вашите комуникациски вештини не се солидни, потребно е да се подобрите. За таа цел, воспоставете систем на постојана комуникација, така што информациите слободно ќе се пренесуваат тогаш кога ќе биде потребно. На пример, секое утро може да го започнете со испраќаме на мејл до членовите на вашиот тим, информирајќи ги за нивните работни задачи и рокови, да дадете насоки за проектот на кој тие работат и да ги известите дека сте достапни за било какви прашања.
Управување со време
Не можете да очекувате од вашите вработени да бидат ефикасни, доколку самите вие не покажете добар пример. Ако лошо управувате со времето, можеби е време да инсталирате планер кој ќе работи за вас и ќе ви биде од корист. Секогаш имајте време на располагање за непредвидени состаноци, вонредни ситуации и други работи кои непланирано ќе ви се испречат на патот. Откако ќе дојдете до некое одржливо решение, споределете го истото со вашиот тим, па така и тие ќе станат подобри во управување со времето.
Менторство
Дел од вашата работа како менаџер е да им дадете насоки на членовите на вашиот тим и да им помогнете да ги надминат проблемите и предизвиците со кои ќе се соочат на работното место. Ако сте паднале на фронтот за менторство, време е да се подобрите. Најпрво, отворено разговарајте со вашиот тим за видот на поддршката што тие сакаат ја да добијат од вас. Потоа, обидете се да се сетите на времето кога вие сте биле недоволно искусни и како другите ви помагале во работата. Запомнете дека вистинскиот лидер зборува добро, но уште подобро ги слуша другите.
Бидете отворени за фидбек и критики бидејќи само на тој начин ќе ги согледате своите слабости како менаџер и ќе работите на нивно подобрување.